четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јовановски: Многу проекти на вицепремиерот се во директен конфликт со заштитата на животна средина

Јовановски: Многу проекти на вицепремиерот се во директен конфликт со заштитата на животна средина

За стратегија за одржлив развој е одговорен вицепремиерот за економски прашања. Тоа спаѓа под тој кабинет. Јас се уште немам почувствувано или уште не сум убеден дека животната средина се става на исто ниво со економскиот развој, појасни еко активистот Антонио Јовановски во емисијата „Отворено“ на 24Вести.

Јовановски образложи дека почнувајќи од кабинетот на вицепремиерот и во однос на приоритетот на многу проекти кои што се и во директен конфликт со заштитата на животна средина, со најава на термоелектрана во Осломеј.

-Се прават некои интервенции во РЕК Битола но не се споменува таа вистина која што и замникот ја знае дека времето на јагленот е истечено уште одамна. И дека намалувањето на јагленот во РЕК Битола и во другите сите проекти поврзани со јаглен да се стопираат и да се направи нов план. Да се фокусираме на сонце и ветер, вели тој.

Најнови вести