понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јовчески: Во тек е изградба на капитални проекти во Прилеп- поплочување на дел од плоштадот Борка Талевски и изградба на цевковод Пашовски ливади

Јовчески: Во тек е изградба на капитални проекти во Прилеп- поплочување на дел од плоштадот Борка Талевски и изградба на цевковод Пашовски ливади

Денеска да им го честитам како на моите прилепчани така и на цела Македонија 11-ти Октомври денот на народното востание. Оттука почнува и револуцијата, односно отпорот и за постигнување на самостојна и независна Македонија. Денеска му благодарам и на присуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски со неговото присуство и поддршката да ги реализираме сите оние започнати проекти кои ги ветивме во текот на мојот мандат, изјави за медиумите Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп.

Тој истакна дека се на плоштадот Борка Талески единствениот незавршен крак кој со автентични гранитни плочи се поплочува и е во завршна фаза и во најскоро време се очекува да биде со инфраструктура завршен.

– Воедно го посетивме и цевководот Пашовски ливади кој успеавме третата фаза да ја реализираме и таа за неколку денови завршува и Прилеп ќе биде обезбеден со некаде околу 15% на питка вода за пиење од онаа вода која ја обезбедуваме преку Студенчица. Овие капитални проекти кои се во време на мојот мандат се надеваме дека ќе придонесат да го вратиме сјајот во Прилеп и да биде Прилеп еден од најубавите градови во Македонија. Наскоро подготвуваме и градежна офанзива со тоа што се дефинираат повеќе од 40 улици, се мапираат кои ќе бидат рехабилитирани и со нов асфалт обновени. Така да ја завршуваме една добра комплетна слика приказна за 2022 година, додаде Јовчески.

Најнови вести