четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јовески нема да поднесе оставка заради Груби

Јовески нема да поднесе оставка заради Груби

Истрага, одговорност и оставка! Ова се барањата на ВМРО-ДПМНЕ, откако јавноста дозна дека вицепремиерот Артан Груби користи возило со флешери кое не го пријавил како негова сопственост. Јавниот обвинител Љубомир Јовески објаснува дека истрага ќе биде отворена доколку се утврдат елементи на кривично дело од конкретно лице. Такви возила возат многу партиски мангупи, посочи министерот Оливер Спасовски. Еве дел од седницата за пратенички прашања.

Драган Ковачки, ВМРО ДПМНЕ

-Јас би се засрамил. Имам дополнително прашање: Кога ќе поднесете оставка?

Љубомир Јовески, Републички јавен обвинител

-Тоа задоволство нема да ви го овозможам.

Вака изгледаше финишот на дуелот Ковачки-Јовески. Пратеникот побара одговор дали е отворена истрага за вицепремиерот Груби, чие дело може да се казни со затвор од 6 месеци до 5 години, како и за пријателот што му подарил возило од 80.000 евра.

Обвинителството прибира податоци за целиот случај и за сите околности, сè до купувањето на хотелот, одговори Јовески, но Ковачки изрази сомневање дека тој го штити криминалот.

Министерот Спасовски потврди дека возилото бесправно користело флешери и дека вакви злоупотреби имало кај многу партиски функционери.

Пред пет дена на улица во Чаир, среде ноќ, беше запалено луксузното возило што го користи Груби. Во неговиот анкетен лист пријавено е само возило старо 22 години во вредност од илјада евра.

Најнови вести