Досега биле сослушани осум лица, а меѓу нив бил и сопственикот на туристичката агенција „Беса Транс“, информираше јавниот обвинител Љубомир Јовески. Но, тој потенцираше дека во наредниот период ќе бидат испитани уште многу луѓе.
„Осум записници од распит на сведоци се дадени на бугарските обвинители, со што би можело да се помогне во истрагата и расчистување на случајот. Во следните денови ќе распитуваме уште многу лица, записниците ќе бидат доставени исто така до бугарските колеги“, рече Јовески.