сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јовев за КУРИР открива детали за скандалот на Кардиохирургија: Секој ден сум жртва на мобинг, не сум нападнал никого!

Јовев за КУРИР открива детали за скандалот на Кардиохирургија: Секој ден сум жртва на мобинг, не сум нападнал никого!

Поранешниот директор на Клиниката за кардиохирургија, Сашко Јовев, по скандалозното разрешување од функцијата, продолжува да трпи притисок и мобинг, но и лажно да биде обвинуван.

МВР денес информира дека сегашниот директор на клиниката, Марјан Шокаровски, бил физички нападнат од вработен во установата со иницијали С.Ј.

КУРИР стапи во контакт со Јовев кој раскажа детали за немилиот настан. Вели дека тој физички не нападнал никој, не започнал прв ниту вербален конфликт. Згора на се, не бил тој прв пријавен за напад, туку настанот сам го пријавил во полиција.

-Постојано сум под мобинг. Денес мене вербално ме нападна директорот на клиниката. Ми беше прв ден на работа после боледување. Дојдов, се поздравив со сите колеги, јас со сите сум во добри односи. Ме чекаа 17 пациенти. Директорот мене вербално ме нападна, се однесуваше недолично и не ми дозволи да одам во амбуланта. Ми се обрати со зборовите „Ти пред мене“, „Доаѓај ваму, пред мене“…  Јас на тоа вребално му вратив. Му реков да не се однесува така со мене, кој сум постар и реков „Да не ти се случи друг пат ова“. Пријавив дека сум вербално нападнат. Ниту тој ме удри мене, ниту јас него. Под постојан вербален напад сум и трпам мобинг, затоа отидов да пријавам. Тој се закануваше со полиција, јас знаев што сака да направи и затоа сам пријавив, истакна Јовев за КУРИР.

Овој настан е само капка која ја прелила чашата. Јовев долг период трпел неправди и стресови на работното место. Се сомнева дека зад сево ова стои нечија жела тој да замине од клиниката.

-Веројатно сакаат да си одам од клиника, можеби претставувам „опасност“ па сакаат да ме тргнат. Знам за се што се случува. Директорот има поддршка од некој, од тој некој што ме сменил мене од работното место. Ова е монтажа и сакаат да ме натераат да си одам. Процесот со моето разрешување не е завршен, знаат дека е можно да се вратам, истакна Јовев.

Од голем стрес, Јовев не е во добра здравствена состојба. Денес бил и на прегледи на Кардиологија.

Најнови вести