понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јовевски: Граѓаните и стопанството сметаат дека оваа влада нема визија и план како да се надмине ковид кризата

Јовевски: Граѓаните и стопанството сметаат дека оваа влада нема визија и план како да се надмине ковид кризата

Лазар Јовевски, универзитетски професор и советник во ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ зборуваше за целата состојба во која се наоѓа државата и посочи дека голем број на граѓани и стопанственици сметаат дека оваа влада нема визија, план и цели како да се справи со ковид кризата.

-Има многу параметри кои покажуваат дека имаме еден голем економски пад во државата. Имаме зголемување на невработеноста, имаме пад во економијата во минус 4.5 и така натаму. Општиот впечаток кај граѓаните, кај работодавачите ви го кажуввам тоа од прва рака затоа што секој ден имам контакт со нив. Еве имаме проблем, дали можеме да го решиме заеднички. Како да се реши овој проблем, како да направиме да не се губат работни места, дали имате ли визија, план цели за тоа. Впечатокот е дека немате план и визија а и колку побрзо го сватите тоа ќе биде подобро за економијата и за граѓаните во нашата земја, рече Јовевски во своето гостување.

Јовевски во текот на своето гостување посочи дека поради ниски плати, невладеење на правото и ред други незадоволства од страна на власта голем број граѓани си заминуваат од државата.

Луѓето не си заминуваат од Македонија само заради ниски плати, туку заради невладеење на право и ред други незадоволства.Дали знаете вие дека вчера и денеска еден автобус со македонски туристички работници кои што ургираат да се вакцинираат се подготвува и ќе одат за Хрватска. Ова е еден пример за отселување од Македонија и барање спас надвор од државата, додаде тој во своето гостување.

Најнови вести