среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јовевски призна дека освен за „Фризерница“, за Димова има сомневања и за други случаи

Јовевски призна дека освен за „Фризерница“, за Димова има сомневања и за други случаи

Финансиска полиција најави, а во меѓувреме мислам дека е и доставена пријава до обвинителството за случајот со Лидија Димова, рече јавниот обвинител Љубомир Јовевски на гостувањето на телевизија 24.

Јовевски рече дека станува збор за четири казнени дела од кои две ги направила самата директорка на Националната агенција за европски образовни програми, а во другите две учествувале и други лица.

-Основот на казнените дела е злоупотреба на службената дејност, рече Јовевски.

Јавниот обвинител посочи дека во пријавата е опфатен веќе познатиот случај „Фризерница“, а спомена и дека има и други случаи.

-Мислам дека има и за извлекување на мислам 15 илјади евра од касата на Агенцијата и уште некои други, рече Јовевски.

Најнови вести