Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ќе ја посети Македонија на крајот на февруари, дознава ТВ 24 од дипломатски извори.
Освен Јункер во март Maкедонија ќе ја посети и Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Ова не е прва посета. Двајцата претставници на Европската унија беа во Македонија минатата година и се сретнаа со политичкиот врв во државата.
Овие две посети се сметаат за диломатска офанзива.