ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје упати апел до граѓаните кои ја посетуваат болницата со цел добивање здравствена заштита, да даваат вистински податоци при епидемиолошкиот прашалник кој го пополнуваат.
Болницата тоа го бара за лицата да добијат адекватна помош, да не ги изложуваат здравствените работници и другите пациенти на потецијална опасност, а со тоа и да се придружуваат кон насоките на Владата за спречување на ширење на инфекцијата со Ковид-19.
-Секое постапување спротивно од насоките, подлежи на кривична одговорност, нагласија од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје.