понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кабелски оператори: Министерот Поповски лаже, бараме извинување затоа што ни нанесе штета во работењето

Го повикуваме министерот јавно да ни се извини и да ја повлече својата изјава и наводи кои несомнено нанесуваат штета на нашето работење“, велат кабелските оператори.
Кабелски оператори: Министерот Поповски лаже, бараме извинување затоа што ни нанесе штета во работењето

Асоцијацијата на кабелски оператори- АКО и Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ-Скопје бараат јавно извинување од министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, поради неговата изјава дека во Македонија не се почитуваат авторските права од страна на кабелските оператори и дека ги лажат своите претплатници.

-Зачудувачки е фактот во 21 век министер да изнесува факти и наводи кои се целосно невистинити, неаргументирани и непоткрепени со факти и докази, да ја лаже и замајува јавноста со такви навредливи и паушални изјави. Доколку министерот имаше познавање во оваа дејност ќе знаеше дека од Македонија се одлеваат огромни милионски суми во странство токму за надоместоци за авторските права кон странските ТВ канали. Доколку министерот имаше направено соодветна анализа ќе знаеше дека во овој момент не се води ниту една кривична постапка за пиратерија против ниту еден кабелски оператор, ниту, пак, се води каква било прекршочна постапка за реемитување без договор на некаков ТВ канал против некој кабелски оператор“, се вели во соопштението.

Оттаму, велат кабелските оператори, шокантна е изјавата на еден министер со која практично сме наречени лажговци и криминалци што претставува голема навреда и клевета за нас.

„Ја уверуваме јавноста и нашите претплатници дека авторските права со домашните и странските ТВ канали се уредени во целост и во овој момент ниту еден кабелски оператор не врши никаков вид на злоупотреба или прершување на авторските и сродни права, кон ниту еден ТВ канал. Го повикуваме министерот јавно да ни се извини и да ја повлече својата изјава и наводи кои несомнено нанесуваат штета на нашето работење“, велат кабелските оператори.

Најнови вести