Обвинителката Лиле Стефанова во своето сведочење истакна дека судијката Добрила Кацарска се јавувала кај Катица Јанева за да влијае врз истраги, пренесе ТВ 21.
Покрај Кацарска, во сведочењето Стефанова вели дека за влијание се јавувале и политичари, обвинители, како и судии.
Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот “Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари.
-Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев, рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.