Шкодране Дардишта, кадар на ДУИ која беше поставена за директорка на Клинички центар, повикува на ВОЈНА. Во превод: “Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа,за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган,затоа што на крај сами ќе изгорите во него”.
Ајде Зоран Заев објасни дали ова не е нацизам и фашизам? Ова се тие демократски сили кои се проевропски настроени? Ќе има осуда за говор на омраза и предизвикување меѓуетничка нетрпеливост од Хелсиншки комитет за човекови права?
Додека медиумите се заситени со вести за како Левица ги загрозува фамозните евроинтеграции со ставот за Преспански договор, молк за заканите кои доаѓаат од амнестирани терористи.