Русковска ќе ja срушеше зградата на Обвинителството, пред да дозволи вештачење на мобилниот телефон на Бојан Јовановски, вели адвокатот на одбраната Сашо Дуковски во својот завршен збор, објаснувајќи дека торбата Луј Витон не завршила во домот на Боки 13 туку на друго место.
Снимката од 22.април јасно ќе покажеше кој ја земал и каде ја однел торбата, рече Дуковски, додавајќи дека не му е јасно зошто тој доказ не бил дозволен.
Дуковски изрази и сомнеж за постапувањето на Русковска, особено поради фактот што го кочела вештачењето на мобилниот телефон на Бојан Јовановски, коменитрајќи дека “таа си знае зошто тоа го прави”.
На ова дофрли Боки 13 со зборовитe „јас знам зошто”.