четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каде ли е Ден Дончев, се даваа ли пари под маса за провизии на вакцини, одговараа ли рекетарите, се заборави ли фабриката за пасоши и лажни идентитети?

Каде ли е Ден Дончев, се даваа ли пари под маса за провизии на вакцини, одговараа ли рекетарите, се заборави ли фабриката за пасоши и лажни идентитети?

Последните неколку години македонската јавност ја брануваа многу скандали како аферата со наводните провизии за набавка на кинеските вакцини, скандалот со поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев кој замина за Австралија, а беше посочен за потенцијален поткуп и случајот Рекет2, скандалот со Меѓународниот сојуз со кој раководеше Бојан Јовановски, случајот Мафија и редици други случаи кои навидум влегоа во постапка, но години подоцна сеуште нема никаква правна завршница.

Имаше ли пари по маса за провизии кон Кина за набавка на вакцините ?

Иако во јавноста излезе документ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини и тоа преку друга фирма не диретно кон кинеските власти, што е преседан само по себе, фирмата „Старби интернешнл“, чија дејност нема врска со било што од фармацевстката индустрија, требало да посредува за набавка на киенските вакцини, 7 милиони и 6 илјади долари исплатило МЗ на 15 февруари, како „гаранција“ за да се изврши резервација на целосната количина од 200.000 вакцини од Синофарм. Кинеските власти ги прекинаа активностите за испорака на вакцините, по што Владата ги побарала назад уплатените средства, дури потоа МЗ склучила во друг пат договор со Синофарм.

Деталите за тоа како се набавија вакцините и зошто имало обид преку приватна фирма да се набават вакцини, сеуште остана нејасно, ниту пак се објавија детали за тоа зошто парите биле вратени назад и прекинати разговорите за набавка на вакцините. Јасно е само дека 200.000 вакцини кои требаше да бидат набавени уште пред крајот на 2020 година каснеа шест месеци на штета на македонските граѓани.

Каде е Ден Дончев ?

За случајот „Диамед“, во кој по обвинувањата и обелоденетите документи во јавноста тогашниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев беше посочен како активен учесник во аферата која беше наречена „Рекет2“, каде индициите дека Дончев заедно со министерот за здравство Венко Филипче се обидел да ја попречи продажбата на посочената компанија на странски инвеститор „Диаверум“ од Шведска, со што имаше посочувања дека тие сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 од КЗ.

Дончев секако дека ги отфрли овие обвинувања, па кратко по објавување на аферата си поднесе оставка поради како што наведе тогаш од здравствени и семејни причини.

Во јавноста е сеуште нејасно зошто Јавното обвинителство не постапуваше по допрен глас за оваа афера, па до сега ни траг и ни глас ни од Дончев ни од разврска за индициите за сторен криминал,а во јавноста стоеја информации дека Дончев е во Австралија кај неговото семејство. Прашањето остана дали Дончев избега иако јавноста го виде на снимка како бутка пари во чанта,а тоа не беше доволно за правна завршница за овој скандал.

Пералница за пари или хуманитарна организација?

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Обвинителството ги обвини oбвинетите дека ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз” на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Овој случај е еден од низата случаи кои се уште е во некаква судска постапка иако изведувањето на докази заврши во 2020 година, рочиштата постојано се одложуваа, обвинетите не се чувствуваа виновни, а обвинието сеуште се мотка низ судските лавиринти, без завршица.

Македонска фабрика за пасоши за светски мафијаши и нарко-картели

Министерството за внатрешни работи оваа година го тресе можеби еден од најголемите скандали во поновата историја, имено во истиот противправно службеници на МВР издале дури 215 пасоши, од кои 2014 на странски државјани и еден македонски државјанин кои се стекнале со лажен идентитет, со што ја злоупотребиле службената положба.

Во овие лица кои се стекнале со лажен идентитет и македонски пасош, биле и дел од маѓународни криминални групи, барани по потерници, нарко-картели и убијци кои вршеле вакви дејствија низ Европа и светот. Некои од звучните имиња биле Валид Иса Хамаис, осуденик за трговија со дрога и бегалец од затвор, еден од соработниците на италијанската мафија, потоа Флоријан Мусај, шверцер на дрога од албанските групи Буши и Барути, Стефан Џукиќ од Црна Гора, од кланот Ковачки, Луи Волина, турски мафијаш, Јован Вукотиќ од балканскиот Шкаљарски нарко-клан, шеф на црногорски клан, како и Ѓорѓи Андонов, Џадин Адемовски и многу други барани лица. Еден од најзвучните имиња е контроверзниот турски бизнисмен Седат Пекер, кој е познат на турската јавност и Балканот како бос на турската мафија, кој своевремено кога скандалот се обзнани имаше своја изјава во која вели дека бил гостин во домот на Зоран Заев.

За аферата мафија наместо да паднат оставки од врвот на МВР, министерот Оливер Спасовски на обична прес конференција како да чита секојдневен билтен на МВР, објави дека 10 лица добиле кривични пријави, а 9 лица беа уапсени, шест од нив добија затворски казни, а еден условна, сепак никаква одговорност од врвот на МВР кој впрочем ги издава и потпишува личните документи, а ниеден од нив не влезе во никаква постапка, ниту беше истражуван од правосудните органи, ниту пак си поднесе било каква одговорност за меѓународниот скандал.

Многу случаи, скандали и афери само во изминативе неколку години, без никаква завршница, ниту пак соодветна истрага, некои за кои постојат сомневања и обвинувања дека се протегаат до врвот на власта директно до врвот на Владата.

Македонија стана земја каде најтешки меѓународно барани криминалци можат да си сменат идентитет и да си поседуваат македонско државјанство без притоа да одговара ниту еден висок функционер на власта. Македонија е земјата каде вакцините доцнат со месеци, а Владата врши сомнителни исплати за набавка на истите, Македонија е земја каде правдата не се испорачува, а вистинските виновници не одговараат, терминот „пред лицето на правдата“ и како таа изгледа е вистинското лице на власта во земјава која продолжува да ги руши рекордите по корупција и криминал.

Најнови вести