понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кадиевска: Македонија уште во 2020 година имаше повисока инфлација од еврозоната, а власта велеше се е „под контрола“ за да имаме денес ценовен шок

Кадиевска: Македонија уште во 2020 година имаше повисока инфлација од еврозоната, а власта велеше се е „под контрола“ за да имаме денес ценовен шок

Соодносот помеѓу минималната и просечната нето не треба да биде понизок од 57%, а со ова сегашно веќе прифатено ниво од 18.000 денари и ноемвриската плата која што е официјален податок од ДЗС значи е околу 62.9% тој сооднос, истакна Маја Кадиевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 анализа“.

Кадиевска додаде дека ова ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи.

– ВМРО-ДПМНЕ ова ќе го поддржи бидејќи повторно ја земаат во предвид формулата, која што е добро, БДП го тргаат од страна затоа што постоеше и БДП во формулата и земаат 50 со 50 една третина од три параметри. Е сега има дискусии тука технички за формулата бидјеќи не е прецизирано кои трошоци од живот ги одговара, појасни Кадиевска.

Кадиевска посочи дека не е добра вест растот на цената на нафтените деривати.

– Поголемите економисти можеа да препознаат дека ќе следи еден ваков бран, не зборувам локлано само за македонската економија туку и глобално. И ние малку задоцнето изреагиравме и задоцнето ја антиципираа инфлацијата оние што ја водат макроекономската политика. Зашто би кажала? Според власта се беше „под контрола“ исто како што беше и енергетската криза. Од власта јавноста ја смируваа да не се плаши, за да наеднаш ни се случи ценовниот шок. Ние имаме ценовен шок уште во 2020-та година. Ако еврозоната ни е тој таргет од каде што де факто треба да ја анализираме инфлацијата ние имавме повисока инфлација и од еврозоната, рече Кадиевска.

Најнови вести