„Знаеме дека постојат колективни договори според кои вредноста на бодот треба да биде согласно растот на минимална плата. Но, она што го имаме од терен дека не се случува истото. Значи ако имавме неколкукратно покачување на минималната плата значи во одредени сегменти од јавниот сектор немаме неколкукратно покачување на платите“, истакна Маја Кадиевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 анализа“.
Кадиевска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи зголемување на минимална плата.
„Кажав како може да се подигне продуктивноста во целито јавен сектор. А, не само за една маса на луѓе кои што власта вика дека преживуваат. Јас велам дека има и други луѓе што преживуваат“, нагласи Кадиевска.
Кадиевска посочи дека повторно цената на електричната енергија и ценовно ниво е зголемено за 7% од почетокот на кризата и наваму е удар за сите граѓани во државата, не само за одредена категорија на граѓани.
„Кажав дека во колективните договори кои ги имаат од јавниот сектор е уредено прашањето како се зголемуваат платите меѓутоа не се почитуваат. И за тоа ќе има законски амандман тоа да се почитува“, појасни Кадиевска.