вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кадиевска Војновиќ: Поради забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, владата на СДСМ не воведе данок за домашните фирми кои ја реинвестираат својата добивка

Кадиевска Војновиќ: Поради забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, владата на СДСМ не воведе данок за домашните фирми кои ја реинвестираат својата добивка

Последните три години нема реинвестирана добивка, а тоа значи дека профитот кои што го остваруваат тука го изнесуваат од земјата, вели Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Анализа на ТВ 24 за странските директни инвестиции.

Кадиевска Војновиќ посочи дека се согласува со забелешките на дел од домашните бизнисмени дека владата на СДСМ последниот период не им помогнала, укажувајќи дека поради забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, владата не воведе данок за домашните фирми кои ја реинвестираат својата добивка, туку го остави во сила ослободувањето од оданочување на реинвестираните средства.

Се согласувам во дел со коментарите на домашните бизнисмени и мислам дека помалку е направено за домашните компании кои што вработуваат поголем дел од населението и мислам дека некако во последниот период како и воопшто да не се помогнати, туку напротив се утепани. Поентата ми е да потсетам на едно време кога се воведе рамниот данок, значи ние имавме 15 проценти данок на добивка, тој се сведе на 12 во 2007 година и на 10 процени 2008 година. Во 2008 година се ослободи даночна мерка, фискална мерка на таа влада тогашна, прво се ослободи добивката од оданочување, па потоа онаа на реинвестирање. Па да потсетам дека оваа влада сакаше да го врати тоа, но заради нашите залагање не го врати, па затоа остана делот на реинвестирана добивка да биде ослободен и оние домашни фирми кои влегуваат во инвестиции, истакна таа.

Кадиевска Војновиќ рече дека Државниот завод за ревизија констатирала големи злоупотреби на фондот за помош на фирмите, велејќи дека 20 милиони евра воопшто не биле инвестиции во 2020 година, како и дека треба да се виде кои фирми се фаворизирани и кои земале државна помош, нагласувајќи дека за сето ова ќе има ревизија.

Државниот завод за ревизија најде големи злоупотреби на фондот, 20 милиони евра воопшто не биле ниту И од инвестиција во текот на 2020 година. Значи не е само домашни и странски, туку кои домашни компании добиваат затоа што бевме сведоци дека извесно време дека една од големите партии која што ни ја води државата отвори во Тетово голема инвестиција од 130 милиони како што беше најавено, па да видиме дали ќе ја реализира. Значи не е само и домашни и странски, туку кои домашни фирми се фаворизираат и каде одат тие државни пари, буџетски средства за кои што здравје ќе има ревизија дали било за милијардата на Заев, или за “760 милиони евра“ сега на Ковачевски кои што се само пи-ар, а нема ништо, додаде таа.

Најнови вести