недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кафеаните и рестораните пред затворање, голем дел нема да дочекаат помош за плати

Кафеаните и рестораните пред затворање, голем дел нема да дочекаат помош за плати

Мерката поддршка за исплата на плата за месеците октомври, ноември и декември, според угостителите е задоцнета и промашена. Од Независната угостителска комора велат дека угостителите се во паника и страв како ќе го преживеат крајот на септември и дали ќе успеат да опстанат до 15 ноември кога практички ќе почне да се применува и користи оваа мерка, пренесува вечер.пресс

Угостителите се жалат дека се изоставени од четвртиот пакет мерки за помош од Владата. Освен рестораните за свадби кој добија грантови во висина од 3.000 до 10.000 евра, во зависност од остварениот промет во 2019 година, за другите угостители нема никаква помош. Угостителите стравуваат дека со заладување на времето нагло ќе им опадне прометот и ќе бидат принудени да ги затворат објектите, а 35.000 работници да останат без работа.

Од Независната угостителска комора велат дека во Националната класификација на дејности не постои шифра на дејност со која некој угостителски објект е регистриран или лиценциран за организација за свадби, во секој хотел кој има ресторан и во секој угостителски објект може да се организираат свадби.
-Ако овие грантови се доделат за периодот март-септември 2020 година тоа значи дека секој ресторан за свадби ќе добие просечно по 500 евра месечно. Овој грант не може да помогне на некој маалски локал, а не на угостителски објекти кои можат да сместат од неколку стотина до илјада гости. И доколку се поделат вакви грантови на дел од угостителските објекти што правиме со сите останатите угостителски објекти кои не работеа од март до мај 2020 година. Зарем ним не им следува исто така грант кои ќе им помогне да ги намалат загубите и штетите што ги претрпеа поради пандемијата, забраните и ограничувањата за работа, вели за весникот ВЕЧЕР, Здравко Јосифовски претседател на НУК.

Целосната објава може да ја прочитате на вечер.пресс

Најнови вести