четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како партијата на власт ги контролира одговорите на Центрите за социјални работи? (ФОТО)

Како партијата на власт ги контролира одговорите на Центрите за социјални работи? (ФОТО)

Партијата одлучува за сè, па дури и како да одговорат Центрите за социјални работи низ државата.

Дојдовме до информации кои говорат дека одговорите кои биле побарани од Центрите за социјални работи од страна на кабинетот на министерката Рашела Мизрахи, се координираат од партијата СДСМ, а “амин“ дава заменичката за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Центрите функционираат како штаб на СДСМ, а директорите не даваат одговор без да биде аминуван од заменичката Санела Шкријељ која доаѓа од редовите на партијата на Зоран Заев.

Па така, обично прашање од кабинетот на министерката за труд и социјална политика за измените на законот за социјална заштита и воведување на интегрирано управување со случај на социјална работа, Центрите наместо да одговорат самостојно, одговорите ги пишува кабинетскиот службеник на заменичката Санела Шкријељ.

Извесна Ивона, која што е вработена во кабинетот на Шкријељ, им дава насоки во посебна група на партиските директори на Центрите за социјални работи каков одговор да дадат.

 

Истите одговори кои ги дава членот на кабинет на заменик министерката Санела, усогласени со партиските служби, ги добива кабинетот на министерката Рашела Мизрахи.

Ваквото играње пинг-понг  со партиско замешателство говори за нефункционалниот систем и исклучителната партизираност на институциите.

 

Најнови вести