недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како Роберт Поповски ги советува министрите: Подобро да бегаме, отколку да не распнат новинарите

Како Роберт Поповски ги советува министрите: Подобро да бегаме, отколку да не распнат новинарите

Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да не распнат, вака министерот за отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, им зборуваше на лицата од кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска додека новинарите и снимателите наместени ги чекаа за прашања на темата, но и актуелностите како двојната функција на премиерот и тазе министер за финансии Зоран Заев и назначувањето на Садула Дураку во новото министерство за политички системи. Бујар Османи прв избега, уште пред да го чуе советот на Поповски, пренесува Истражувачката репортерска лабораторија Македонија (irl.mk).

Поповски, заедно со Шекеринска и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи утрово во Клубот на пратеници, на новинарите им ја презентираше Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија. По говорите на министрите, снимателите ги подготвија камерите надвор од просторијата во која што се одржуваше презентацијата и ги чекаа тројцата министри надвор за прашања.

-Непосредно пред да излезат, му пристапивме на лице од кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи бидејќи имавме специфично прашање токму за него. Тој не упати кон холот на Клубот каде камерманите и новинарите веќе беа наместени. Излеговме надвор и го видовме Османи како веќе заминува со службениот автомобил. Со оглед на фактот што не излезе од главната врата, претпоставивме дека скришум се повлекол од задната и незабележлива врата којашто води директно до паркингот со автомобили. Отидовме до излезот од задната врата за да видиме дали ќе излезат другите двајца министри. Тогаш го слушнавме министерот без ресор задолжен за отчетност и транспаретност, Роберт Поповски, како ги советува пиар службите на Шекеринска да им избегаат на новинарите, пренесува irl.mk

„Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да не распнат“, и рече Поповски на Лидија Јанчовска, портпаролката на министерката за одбрана незабележувајќи дека позади нив стои новинар. Тогаш ИРЛ реагираше и му рече: „Вие сте министер за транспарентност и не може така да кажете“, на што тој рече дека изјавите веќе се дадени (мислејќи на презентацијата на којашто немаше дозволено прашања за новинарите).

Тој влезе во дискусија со новинарот на ИРЛ и ни објаснуваше дека и прашањата немале да бидат само на темата на која зборувале министрите. Во опозиционерските денови, Роберет Поповски често ја критикуваше администрацијата на Никола Груевски поради праксата на тематски прашања на прес-конференции.

Најнови вести