среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како родителите да им веруваат: СДСМ во опозиција тврдеше дека епидемијата е неспособност на надлежните и дека засиленото вакцинирање е бизнис идеја

Како родителите да им веруваат: СДСМ во опозиција тврдеше дека епидемијата е неспособност на надлежните и дека засиленото вакцинирање е бизнис идеја

Неспособност на надлежните. Вака СДСМ од опозиција ја нарекуваше епидемијата на морбили. Денес кога се на власт, имаат сосема поинакво мислење, кое оправдано јавува сомнеж кај македонските граѓани.

-Тоа што е сигурно е дека епидемијата на морбили е само последната потврда за неспособноста на надлежните. Единствената мерка која министерот за здравство ја презема во моментот е засилено вакцинирање. Ова повеќе звучи како бизнис идеја, отколку како сериозна здравствена мерка. Масовното вакцинирање никогаш не се практикува во екот на епидемија, затоа што е потребен период да се создаде имунитет што не е доволно да се спречи епидемијата, рекоа од СДСМ во 2011-та година.

Со цел да собере политички поени, партијата на Зоран Заев која тогаш ја предводеше Бранко Црвенковски, ја користеше епидемијата како фронт на битка. Тогаш јавно го осудуваа вакцинирањето за време на епидемија, а денес гласно ги принудуваат родителите да ги вакцинираат своите деца по прогласување на епидемијата.

Родителите се во паника и немаат доверба во вакцинирањето, а главен виновник за тоа се политичарите кои преку ноќ ги сменија своите ставови. Функционерите на СДСМ тогаш засиленото вакцинирање го оценуваа како бизнис идеја, а не како сериозна здравствена мерка.

Денес засиленото вакцинирање, затворање на вратите во градинки и училишта за невакцинирани деца и казните, тие ги сметаат за одлична мерка.

Родителите кои уште немаат одлучено дали и кога да ги вакцинираат децата со МРП, не знаат на кој СДСМ да му веруваат- на тој што денес ги тера кон здравствените домови или на оној кој жестоко го критикуваше тоа што денес го наметнува.

Најнови вести