-Сите сакаат да ја приграбат Македонија. Е, па, не може. Ќе се бориме до последен човек, ама нема да може. Ова е изјава на првиот македонски претседател Киро Глигоров, дадена не толку одамна, на 17-ти април 2010 година, нешто помалку од две години пред неговата смрт во 2012-та година.
Глигоров категорично го отфрли она што Заев сега го прифати
Според документот кој го објави универзитетскиот професор Тони Дескоски на својот Фб профил во точката 12 б, јасно стои дека во 1993-та година македонската страна го одбива таквиот предлог, односно преферира име само за меѓународна употреба.
Првиот македонски претседател Киро Глигоров, категорично го одбил она што за Заев, СДСМ и Димитров сега е прифатливо, ерга омес име за севкупна употреба, што ќе значи промена на уставното име внатре во земјата.
Во дел од медиумите во минатото се раскажуваше и случка, според која Глигоров ваквиот предлог го добил и на ливче, но истото го стуткал и го фрлил, без воопшто да размисли да биде прифатено име за свекупна употреба.
Што напиша Киро Глигоров за грчкиот генерал, кој нудеше мито за промена на името на Македонија?
Во својата книга „Македонија е се што имаме“, мемоарски записи, напишани во 2000 година, а објавени во 2001 година, поранешниот претседател на Р. Македонија, Киро Глигоров за прв пат се осврнува на случајот на обид да биде корумпиран, со милион долари.
Во неа за случајот напишал:
„Имаше, тоа првпат ќе го кажам, еден навистина незамислив обид преку грчките специјални служби да се влијае и врз мене, и тоа на извондредно груб начин, да ја прифатам грчката солуција, да направам нешто за да се откажам од името Македонија….
Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчковски ми предложи да примам некои соработници од Службата за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни „колеги“ од Грција дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари.
Јас ги ислушав, прво, долго ги гледав луѓето, а потоа им реков: „Добро, бре, луѓе, како си замислувате – шефот на оваа држава да прими милион долари, да се откаже од името Македонија. Како ве молам, воопшто сте го замислиле тоа? Како воопшто тоа некој може да си го замисли? Тоа е апсурдна работа, ако тоа воопшто некој си го замислил, тогаш јас не сум за ова место.“ Од мене избиваше голема лутина. Тие се згрчија, беше видливо дека им е непријатно, се гледаа меѓу себе: „Е нам ни рекоа, да ви пренесеме“.
Им реков:„Да ви кажам – од тоа нема ништо. Одете си. Му кажав јас и на вашиот министер,“ (завршен цитат, според книгата во издание на „Издавачки центар Три“ 2000-2001, стр. 365 и 366).
Дел од меморите на Глигоров беа објавени во 2012 годиниа во Вечерњи лист.