вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Каков и е да е францускиот предлог, нема укинување на ветото за С. Македонија, вели потпретседателот на Бугарскиот парламент

Каков и е да е францускиот предлог, нема укинување на ветото за С. Македонија, вели потпретседателот на Бугарскиот парламент

„Нема да има укинување на ветото, без разлика каков предлог ќе дојде од француското претседателство“, изјави потпретседателот на Националното собрание на Бугарија, Кристијан Вигенин.

„Сметам дека господинот Никола Минчев апсолутно согласно деловникот и одлуките на Народното собрание не дозволи ново гласање по тоа дали да се затвори седницата, така што причината поради која формално беше побарана оваа оставка е всушност почитување на деловникот и законите, така што сите признаа дека во пракса одлуката за оставка е политичка и не е поврзана со неговата работа“, појаснил Вигенин околу разрешувањето на досегашниот претседател на Бугарското народно собрание, пренесува бугарски „Стандарт“.

„Изборот за нов спикер според деловникот мора да се случи во рок од 14 дена. Нема да има укинување на ветото, без разлика каков предлог ќе дојде од француското претседателство“, потенцирал заменик-претседателот на Националното собрание.

Најнови вести