среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Каква е состојбата на патиштата ширум Македонија во моментов?

Каква е состојбата на патиштата ширум Македонија во моментов?

Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива по наместа влажни коловози и со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини, соопштија од АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. (МИА)

Најнови вести