понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каква офшор-шема го поврзува Ден Дончев со сателитската компанија “Тарбс“

Каква офшор-шема го поврзува Ден Дончев со сателитската компанија “Тарбс“

Како што веќе објавивме директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев , кој неодамна поднесе оставка заради здравствени и семејни причини, примил пари од приватна компанија врз основа на консултантски услуги. Иако тој тврдеше дека остварениот приход е законски , бидејќи го пријавил во УЈП и за него платил данок, сепак Антикорупциската комисија поведе постапка против него. Имено Законот за спречување на корупција и судир на интереси не му дозволувал да дава консултантски услуги додека извршувал јавна функција. Згора на тоа, тој не ги пријавил овие средства , ниту во анкетниот лист, и покрај тоа што се работи за дополнителен приход. Станува збор за трансакција кон Дончев од компанијата “Ремаркет“ регистрирана во 2012 година за интернет –портали во струмичко Муртино, во чии рамки функционира и подружница во Струмица. Поточно оваа компанија служи за изнајмување работна сила за австралиската компанија “Мегантик“, која овозможува услуги исклучиво на пазарот во Австралија во доменот на таканаречен Search Engine Optimization.

Всушност овој податок го обезбедила Управата за финансиско разузнавање по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во чии рамки се води истрага за Дончев и уште две лица, по кривичната пријава на поранешната сопственичка на Диамед, Вера Иванова. Во оваа кривична пријава , Дончев се товари за злоупотреба на службената положба и за уцена при продажбата на центарот за дијализа на шведски Диаверум. Меѓутоа покрај проверката на сомневањтаа за овие две кривични дела, надлежен јавен обвинител превзел дејства и за проверка односно потврдување или отфрлање и на сомневање за перење на пари и други приноси. Упатените велат дека доколку се докажат првите кривични дела , тогаш третото дело се подразбира.

Во меѓувреме “Фокус“ дозна дека Дончев лани примил средства за консултантски услуги во износ од 80.000 австралиски долари, и тоа директно од австралиската компанија “Мегантик“. И овие средства , исто така, не се пријавени во неговото имотно досие. Исто така, обезбедивме податоци кои индиректно и посредно го поврзуваат Дончев со македонската компанија “Тарбс“, која се формираше како дел од австралиската групација што своевремено склучи договор со МТВ за емитување на сателитската програма надвор од земјата. Поточно, неговата сопруга била управител на офшор компанија, која своевремено била регистрирана на иста адреса како и „Тарбемак“.

КОНСУЛТАНТСКИТЕ УСЛУГИ ЗАВРШИЛЕ, НО НЕ И ТРАНСАКЦИИТЕ

Колку за потсетување, од австралиската компанија „Мегантик“ тврдеа дека Ден Дончев давал консултантски услуги од типот на „маркет потенцијал, операционална процедура и подобрување на бизнис-процеси интергирани сметководствени системи“ во периодот од 2013 до 2008 година.

Притоа , од таму велеа дека само во 2018 година му исплатиле на Дончев средства во вид на плата преку „Ремаркет“, од причина што тој тогаш бил во Македонија. Арно ама, новите сознанија со кои располагаме покажуваат дека Дончев примил пари директно од австралиската компанија и во 2019 година, иако тој тогаш, исто така, бил лоциран во земјата. Покрај тоа се поставува прашањето зошто воопшто му биле неплатени средства во 2019 година, кога консултантски услуги давал заклучно со 2018 година?!

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Најнови вести