понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев: Обвинителите повеќе се противат за законот за јавно обвнителство и од експертите

Калајџиев: Обвинителите повеќе се противат за законот за јавно обвнителство и од експертите

Не е наш проблем што за законот за јавно обвинителство ја игнорираат експертстака фела. Не знам зошто организираа јавна расправа кога се знаеше што ќе се слушне. И не само експертите, туку и обвинителите се незадоволни. Но, ние како експерти имаме полагодна позиција и може јавно да кажеме, рече универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на гостувањето на телевизија Алфа.

-Се влечат правни и политички чекори за кои не знаеме кој е автор. Законот за јавно обвинителство е да се среди работите околу СЈО. Сега се прават некои импровизации. Во обрзаложението тоа што стои нема врска, велат заради усогласување со законот за кривична постапка, тоа нема врска, посочи Калајџиев.

За доведувањето на законот за јавно обвинителство во врска со патот кон ЕУ , професорот посочи клучно е да има квалитетен закон.

-Амбасадорите поддржуваа некакви реформи и нив им е лесно да ја поддржуваат секоја линија на носење закони, но не е тоа целта. Треба квалитетни закони, рече Калајџиев.

Најнови вести