вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев за изборот на Ангеловска: Не може таа да биде министер, тоа е исто како дете од 11 години да се стави капитен на репрезентација

Калајџиев за изборот на Ангеловска: Не може таа да биде министер, тоа е исто како дете од 11 години да се стави капитен на репрезентација

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев при своето гостување во „Журнал“ појасни дека Нина Ангеловска не може да биде министер за финансии.

Вели: „Тоа е исто како дете од 11 години се стави капитен на репрезентација само затоа што е надежен фудбалер“.

-Во систем во кој што нашава држава е пред банкрот, исто како што е во правниот дел, слично е во и економскиот. Јас не сум експерт за тоа ама можам да го насетам по многу фактори. Не може да очекувате како што рековме па е„ве ја Катица и ќе видиме што ќе се случи, можеби ќе искочи на арно“. Така и со оваа млада девојка, зборуваат може и ќе биде добра, но ние сакаме гаранции да знаеме што таа ќе понуди, што ќе направи, да има визија за се, а не да проба, не да учи, посочи Калајџиев.

Калајџиев додаде дека тој не се сомневам дека Ангеловска е многу интелигентна, дека има енергија.

-Но не може поради таа енергија, некое дете од 11 години кое е надежен фудбалер да се стави како капитен на репрезентација само за тоа што е надежен за 11 години. Бидејќи детето нема искуство, никогаш не било во таа лига. Значи има лиги. Зошто има мерит систем па напредувате и се качувате скала по скала. Сега не може од долу, од приватен сектор да дојдете горе или надвор од партијата, луѓето ќе се бунат. Таму има кадри што со години лепеле постери и немаше што не работат за да добијат уште, сега одеднаш некој од страна кој не бил во партија ти доаѓа како потпретседател, истакна Калајџиев.

Најнови вести