сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калевска Ванчева : Во “илинденската декларација“ нема ништо посебно- не мора да се донесе веднаш, таа не е врзана за 2-ри Август

Калевска Ванчева : Во “илинденската декларација“ нема ништо посебно- не мора да се донесе веднаш, таа не е врзана за 2-ри Август

Медиумите, јавноста, но и опозицијата во Собранието ја нема ниту видено најавената декларација за Илинденското востание која ја поднесе СДСМ во пресрет на празникот кој е за неколку дена. За содржината на оваа ДЕкларација молчат и нејзиниот поднесител Дарко Каевски, па дури и координаторот Јован Митревки. За Сител телевизија единствено коментар дала Снежана Калевска Ванчева, која истакнала дека во илинденската декларација нема ништо посебно:

Афирмативна една декларација со која што уште еднаш фактички го потврдуваме она што е наша и формална и суштинска заложба и она што е длабоко врежано во нашата колективна меморија, да кажам на нашиот народ. Тоа е, ништо друго посебно нема. Ние ја потпишавме како пратеници и таа е поднесена- изјави Калевска Ванчева.

Според неа не е никаков проблем фактот што илинденската Декларација нема да се донесе пред самиот празник Илинден, туку донесувањето може да се раздолжи и повеќе.

Не значи дека мора да биде пред втори август. Таа не е врзана со 2-ри август, мислам дека мора во очи на празникот 2-ри Август да биде. Значи таа е доставена и до Владата и ќе се објавува во Службен весник. Ме рабирате, така да, тоа е тоа. Тоа е документ, кој што е званичен документ кој што е архивиран и таа ќе биде објавена во Службен весник. Тоа значи во било кое време, не значи дека мора да биде објавена пред да биде празникот оваа година- вели Калевска Ванчева.

Најнови вести