среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Камбовски од академик стана политичар: Законот за ЈО морал да се донесе и по цена на одложување на изборите

Камбовски од академик стана политичар: Законот за ЈО морал да се донесе и по цена на одложување на изборите

Академикот Владо Камбовски како на катедра на правен факултет се обрати со ставови во јавната дискусија за Предлог законот за јавно обвинителство и истакна дека законот мора да се донесе и тоа да значи и одложување на изборите.

Тој најпрво истакна дека се согласува со најголем дел од забелешките на професорката Сиљановска, која како што вели го чува достоинството на науката, и зборувала според нејзиното најдобро знаење.

-Овој закон има долга предходница од 2007 година и тоа во едно лошо време се направија овие сега предлог измени. Мора нешто да се менува во ЈО зошто тоа стана главен актер во предистражната постапка, ние влетавме во реформа на казнената постапка без да го реформираме јавното обвинителство и му дадовме огромен товар и тоа очигледно не можеше да го поднесе, како што гледаме потклекнува, вели Камбовски.

Тој додава дека законот мора да се донесе и по цена да ги одложи изборите, ама законот да се донесе, затоа што тоа е суштински услов за продолжување на процесот на евроатланските интеграции, вели Камбовски.

Професорот и академик Камбовски денеска во улога на политичар ги искара присутните со обрзложенија дека законот бил навистина потребен иако претходно рече дека се согласува со најголем дел од забелешките на професорката Сињановска.

Академик Камбовски човекот кој ја води МАНУ познат како „министерот на Милошевиќ“ како што некои го условуваат го немаше со ниеден став за бруталното погазување на Уставот, но затоа денеска ревносно и гордо од собраниската говорница велеше Северната Република.

Најнови вести