недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Камчев од пред неколку дена е на слобода

Камчев од пред неколку дена е на слобода

Бизнисменот Орце Камчев веќе неколку дена е на слобода, без обврска да се појавува на спиење во затворот во Струга каде по промената на адресата ја отслужуваше затворска казна.

Ослободувањето се случило откако побарал спојување на двете затворски казни, едногодишната за „Империја“ и онаа за „Плацеви на Водно“, па наместо две години, Камчев добил заедничка казна намалена за 4 месеци и се најде на слобода по година и осум месеци.

Обвинителството не поднело жалба на барањето на Камчев за спојување на казните, бидејќи станува збор за редовна процедура во кривичниот суд. Во струшкиот затвор, Камчев казната ја отслужуваше само 4 месеци, со обрска само да спие во затворот бидејќи беше сместен во отвореното одделение.

Според пресметката на „Фокус“, на Камчев од казната му остануваат уште само еден месец, бидејќи од казната му се одбива и времето кое го помина во притвор. Поточно бизнисменот за ,,Империја” беше 4,5 месеци во притвор, а за ,,Плацеви на Водно” 9,5 месеци, но излегол еден месец порано поради условниот отпуст од еден месец кој го добил од затворот.

Освен затворска казна од една година, според спогодбата која Камчев ја направи со обвинителството, треба да плати и 5,2 милиони евра штета.

Најнови вести