Одговарајќи на прашања на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски, сведокот во случајот „Рекет“, Ана Камчева запрашана дали за давање пари како во овој случај се поднесува кривична пријава до ОЈО, таа одговори:
-Да, но да не сте биле во случај како во мојот.
Камчева рече дека разговорите со поранешниот директор на УБК не се воделе во простории на МВР и дека не знае дали за тие разговори имало направено службена белешка.
На прашање од обвинетиот Бојан Јовановски дали може да ја опише улогата на Зоран Милески во овој случај, реагираше обвинителката Вилма Рускоска, која рече дека Милески си признал вина и е осуден, а емоции не се дозволени, тврдење кое беше прифатено од судот и го одби прашањето на Јовановски.
-Во УБК работеше вашиот пријател Јовче Ременски и од страв да не ме види со Николовски од УБК, не се видов со него во службените канцеларии на управата, рече Камчева.
ИЗВОР: Слободен печат