Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева в петок ќе бидат сослушани како сведоци во постапката за случајот „Рекет“.
Сведочењето на брачниот пар Камчеви е по предлог од обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
Таа денес Камчеви ги спомна и во својот воведен говор, во кој ѝ порача на јавноста да не мисли дека тие двајца барале помош, туку да знае дека преку Кичеец се поврзале со Бојан Јовановски.
Судењето продолжува на 6-ти декември.