Непознати лица вчера каменувале товарен воз во близина на железничката станица „Скопје Север“. Возот сообраќал на релација граничен премин „Блаце“ – железничка станица „Трубарево“. Повредени лица при каменувањето нема.
– Во полиција е пријавено дека помеѓу железничката станица „Ѓорче Петров“ и железничката станица „Скопје Север“, поточно на влезниот сигнал на железничка станица „Скопје Север“, непознати лица каменувале товарен воз, кој сообраќал на релација граничен премин „Блаце“-железничка станица “Трубарево“, информираат од МВР.
Оттаму посочуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.