вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Камион се преврте кај Стоби: Му пукнала гума и излетал од патот

Камион се преврте кај Стоби: Му пукнала гума и излетал од патот

Камион се превртел на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафатил по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за МИА информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот.

Од МВР информираат дека камионот се превртел оти му пукнала гума, а возачот бил со лесни повреди.

Најнови вести