Противпожарниот сојуз на Македонија, во соработка со Градскиот противпожарен сојуз на Скопје и Општинските противпожарни сојузи на општините од Град Скопје и годинава организираат јавна кампања за разбудување на свеста кај граѓаните за потребата од заштита на шумското богатство од пожари во текот на летниот период.
Како дел од кампањата, денеска на плоштадот „Македонија“ активисти и доброволни пожарникари ќе делат флаери со информативна содржина на минувачите низ централното градско подрачје на кои се претставени начините на превенција и заштита од пожари на нашето национално богатство – шумите.