Има ли министерката за правда Рената Десковска двојни стандарди кога се работи за Државната изборна комисија и медиумите. Повеќе од 3 месеци националните телевизии но и другите, се обидуваат да им објаснат на Дерковски, Кондарко и другите членови на ДИК дека математиката е егзактна наука, објави Канал 5.
Нивната анализа ја пренесуваме во продолжение:
Имено после неколкуте состаноци ДИК донесе упатство во кое објаснува дека просечната цена за рекламирање кај радиодифузертите за овие избори е воедно и максималана цена, што е навистина зачудувачки. Но незаконското толкување на членовите на ДИК е работа која за која еден ден ќе мора да се понесе одговорност за евентуалните финансиски штети кои ќе ги трпат радиодифузерите. Она што изненадува е индиферентниот однос на министерката за правда Десковска во интервјуто за канал 5 каде вели дека е неприфатливо да се менуваат клучни правила среде изборен процес.
Во истото интервју Десковска проблемот го лоцира не во нормата туку во толкувањето од страна на Дик но што можат радиодифузерите да направат во однос на катасрофалното толкување на ДИК кога тие го изедначуваат терминот просек и максимална цена. Која е моќта на радиодифузерите кои сега ќе трпат штети, ако тоа не го направат Владата, министрите или партиите. Министерката Десковска тврди дека ги немала видено претставките од радиодифузерите ниту пак скандалозните одлуки на ДИК што е многу чудно.
Како министерката за правда која беше дел од тимот за преговори со ВМРО ДПМНЕ не ја интересираат и засегаат лошите упатства на ДИК или пак ја интересираат само изборните проблеми за тоа дали се 21 ден како што ги толкува партијата или 50 до 60 дена како што бара ДИК , па не упатува за решение на проблемот на Управен суд.
За политичките аналитичари одлуката на ДИК околу ценовникот за рекламирање во медиумите е не уставна бидејќи ја загрозува слободата на претприемништвото- категорија загарантирана во уставот.
-Би требало одлуката за медиумското претставување да биде без ограничување односно како што била и досега, тоа не е ни одредено во изборниот законик па не може да се одреди со одлука што е спротивна на самиот законик и спротивна на уставот. Член 8 од уставот предвидува слобода на пазарот и претприемништвото па поради тоа не може да се ограничува.
Од наши извори дознаваме дека веќе беше подготвена уредба, Владата да ја до прецизира уредбата на ДИК поврзана со радиодифузерите само нејасно остана зошто министерката Десковска мистериозно се откажа од носење на оваа уредба. Единствено што бараат радиодифузерите е до прецизирање на еден член во изборниот законик со цел да се надмине проблемот со катастрофалното толкување од ДИК. Останува зачудувачки како владата во време на вонредна состојба можеше да расправа и му даде дозвола за производство на канабис на синот на осудениот градоначалник на ново село Боро Стојчев познат како ,,Боро Малборо,, а со прст не мрдна за медиумите.
За крај само може да се заклучи дека институциите практикуваат, не двојни, не тројни туку многубројни стандарди во ова кризно време. И повторно нешто што е за рубриката ,,верувале или не,, – како е можно министерката за правда, првиот човек кој треба да се грижи за праведноста да не ги знае уредбите на ДИК кои ќе предизвикаат милионски штети кај радиодифузерите? Времето ќе покаже.
Извор: Канал 5