Канал 5 објавува дека донесена е одлука за именување на нови управувачки позиции.
Телевизијата објави дел од новите директорски имиња.
– Член на Одборот на директори на АД ВОДОСТОПАНСТВО на Македонија е избран – Васко Стефанов.
– Јована Тренчевска е именувана за вршител на должност директор на Државниот инспекторат за труд.
– Дејан Павлески е именуван за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот.
– Абдуш Демири е именуван за директор на Агенцијата за вработување.
– Ана Петровска e именувана за в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина.