Реализацијата на капиталните инвестиции изминативе три месеци од 2019-та години изнесува катастрофални 6 проценти.
Можеби капитални инвестиции нема, но затоа личните инвестиции се туркаат на најјако, па така фармите со марихуана веќе ги носат првите плодови.
Зоран Заев пак се пофали со исплата на данок кон државата од 10 милиони евра годишно, што значи дека чистиот профит кој тој го заработува од неговите фирми е неверојатни 100 милиони евра.
Но, покрај крупните риби, заработка имаат и ситните, па така бензинската пумпа на Никица Петрушевски, советник за комуникации со јавноста во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е при крај.
Никица е син на Добрин Петрушевски, близок соработник на Оливер Спасовски, а се јавува и како инвеститор на фамозната бензиска пумпа во населбата „Перо Чичо“.
Логично се поставува прашањето, од каде толку пари на овој млад човек да биде инвеститор на бензиска пумпа или пак позади оваа инвестиција стои уште некој од присутните на сликата, направена при поставување на камен темелник на споменатата бензинска пумпа?!