Епидемиологот, д-р Жарко Караџовски во интервју за Канал 5 телевизија вели дека маска на отворено не секој треба да носи. Тој посочи и еден пример.
„Човек што ора во трактор, во комбајн и се наоѓа на нива која што има 150-200-300 метра околу него и сам ора и става маска. Па немојте да ја вулгаризираме работата. Не може тој во комбајн или трактор да носи маска“, објаснуваше Караџовски.
Посочи и друг пример доколку се наоѓаме на некое од рекреативно-туритичките места.
„Пример, јас се наоѓам на Шар Планина. Па наоѓај се твој проблем. Таму морам да носам маска? Па не мораш. Кој ќе те контролира таму дали носиш или не?! Значи немојте вулгарно да ги сфаќате работите“, додава Караџовски.
Задолжителното носење на маска на отворено, Караџовски го „правда“ дека на отворено се создава респираторен облак од капки при кивање, кашлање или гласно зборување. А доколку некој поминува покрај вас, тој ги вдишува тие капки.