вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Караџовски вели дека од свадбите настрадала цела држава: Владата спротивно на препораките на Комисијата дозволила свадби на затворено

Караџовски вели дека од свадбите настрадала цела држава: Владата спротивно на препораките на Комисијата дозволила свадби на затворено

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, ги критикува владините власти зошто не ги послушале нивните препораки да не се дозволуваат свадби во затворени простории во текот на летото и потенцира дека од свадбите настрадала цела држава.

За Алсат изјави дека пациент со мутацијата делта може да зарази уште седум други лица.

-Денеска имаме околку 1.200 регистрирани случаи. Состојбата епидемиолошки е несигурна, со тенденција за влошување, потенцира Караџовски.

Караџовски вели дека за да не се прогласуваат карантини и полициски час по четврти пат, граѓаните треба да се вакцинираат масовно, но што е можно во пократко време.

Според неделниот извештај на ИЈЗ, жариштата на инфекцијата и понатаму тлеат во регионите каде што бројот на вакцинирања бил помал, а превентивните мерки против Ковид не беа воопшто почитувани во текот на летото. Најлоша е состојбата во Тетово и Гостивар, но и во Кичево и Струга. Потоа следуваат Скопје и Куманово. Болниците во овие градови се полни и се активираат модуларните капацитети.

Најнови вести