Комисијата за заразни болести во контитунитет функционира една календарска година, За донесување на мерки секогаш сме имале консензус. Министерот за здравство потоа ги доставуваше до Главниот кризен штаб, потоа беа предлагана и до Владата. Во најголемиот број на случаи ние сме имале одлична осоработка со Владата. Ретко кога се случувало некоја мерка да не биде усвоена, кажа претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски.
„Сега овие мерки се донесени заради 2 клучни моменти:
Вирусот не е истиот што беше во ноември. Кумулативниот број на заразени се разликува во однос на оној во ноемвр
Во последните 3 недели се случува еден „бум“ во бројот на новозаразени. Просечниот број се случува меѓу 1200-1300 случаи. Се насобра огромен број на случаи заради тоа што во краток временски период се наполнија болниците.
Состојбата е неповолна бидејќи имаме на територијата на цела држава распространетот на вирусот Ковид 19. Но, бидејќи ја менаџираме се уште не би ја оценил за катастрофална. Медицинскиот персонал ни е проблем во моментов.
Ниеден пациент не е оставен да страда и да не му се пружи медицинска нега.
Но, здравствените работници се преморени. Доколку дозволиме мерките да не се спроведат ќе се соочиме со колапс на здравствениот систем.
И минатата недела ја анализиравме осстојбата. Не ги донесуваме одлуките од денеес за утре. На неделно ниво се прави неделна анализа. Епидемиолошки ја покриваме состојабта на недела или две.
Движењето на Р0 не е ист. Пет градови во моментов се критични.
Епидемиолошкио состојабата е несигурна.
Од овие мерки можеме да очекуваме растеретување на здравствените работници. Да им дадеме капка одмор.
Понатака да овозможиме здравствените власти да можат да обезбедат нови капациети. Оние капацитети кои во моментов се реновираат или регенерираат да бидат завршени. Да можеме да обезбедиме поголем број вакцини.
Светот вели вакцинирај, вакцинирај вакцинирај. Кога ќе имаме поголем број на вакцинирани, ќе се стабилизира и епидемиолошката слика“, кажа Караџоски.