Не е само Денко Малески, туку и многу други во времето на Заев, кажуваат дека Македонците до 1994 биле Бугари, а Гоце Делчев и целата дејност на ВМРО, биле бугарски изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за ТВ Стар од Штип.
Каракачанов во интервјуто истакна дека еден од тие личности кои кажуваат дека пред 1944 година Македонците биле Бугари е новинарот Бранко Тричковски, кој последниов период во македонската јавност стана познат по неговите јавни навреди кон македонскиот народ.
„Не кажува само Денко Малески точни работи дека историјата меѓу Македонија и Бугарија е заедничка, дека Македонците до 1944 биле Бугари, т.е. имаме заедничко потекло, ист корен, дека Гоце Делчев и целата дејност на ВМРО била бугарска организација, бугарска дејност…Не е само Денко Малески. Има и ваши колеги новинари како Бранко Тричковски за кого никој не може да каже дека е симпатизер на Бугарија, напротив. Но и тој пишува многу добри коментари. И многу други во времето на Заев“ потенцираше Каракачанов.