вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каракачанов одговори на насилните протести во Солун: Македонија е наша! (ВИДЕО)

По повод грчките тврдења, со насмевка ќе се потсетиме на оној едноставен одговор на Вазов (бугарски поет и политичар н.з.): „Македонија е наша!“ напиша партијата на Каракачанов.
Каракачанов одговори на насилните протести во Солун: Македонија е наша! (ВИДЕО)

Веднаш по протестите кои се одржаа во Солун за проблемот што го има Грција со македонската држава реагираше и бугарската партија чии лидер е актуелниот министер за одбрана на Бугарија, Красмир Каракачанов.

Бугарското национално движење реагира на протестите во Грција во однос на името Македонија.

„Грција, не сте во право за Македонија“, пишува на почетокот во соопштението.

Партијата на Каракачанов во соопштението напиша дека и Бугарија исто така може да пројави претензии кон тие имиња и места меѓутоа тие со браќата по крв во Македонија го покажуваат правилниот однос.

„Сега е моментот да потсетиме: пријатели, Грци, на нашиот грб има три лава – Мизија, Тракија и Македонија. Не заборавајте дека кога ја прогонувате Македонија, нè прогонувате и нас. А, ние не се плашиме од тоа. Зошто ја помниме историјата.

А, по повод грчките тврдења, со насмевка ќе се потсетиме на оној едноставен одговор на Вазов (бугарски поет и политичар н.з.): „Македонија е наша!“ напиша партијата на Каракачанов.

Најнови вести