Екс министерот за одбрана на Бугарија и претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во ТВ-емисијата „Бугарија 24“ призна дека е навивач на македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал.
-Секако, затоа што тоа е репрезентација на другата бугарска држава. Факт е дека Заев и другите политичари не сакаат да ја признаат историската вистина, но на крајот тие се наши сонародници. И, ако нашата репрезентација не може да се пласира на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација на Бугарија. А, за кого треба да навивам, за Турција ли?, иронично одговори Каракачанов.