Красимир Каракачанов во телефонска изјава за „Инфомакс“ изјавил дека Зоран Заев во Македонија сака да им ги земе парите на успешните бизнисмени преку рекет, а успешните луѓе да ги прогонува.
Тој исто така истакнал дека доколку Јордан Камчев сакал да избега од Македонија, немал воопшто да се врати таму.
– Тој е Бугарски државјанин, беше тука кај нас минатата година, можеше и да не се врати. Имаше можност и со бугарската лична карта легално да ги премине границите со Грција, Бугарија и Албанија – тоа тој не го направи, –вели Каракачанов.
Каракачанов посочил дека доколку Камчев сакал да избега со помош на трета држава, тоа лесно ќе се организирало.
– Ќе го земат со дипломатско возило и ќе го извадат од државата. И толку, вели тој за „Инфомакс“.
– И тие информации дека бугарски агенти му помагале на Јордан Камчев да организира бегство од Македонија се целосна глупост. Лага на Виктор Димовски и неговата банда, тврди Каракачанов, објаснувајќи дека за тоа не постојат никакви докази.
Целиот текст може да го прочитате на ИНФОМАКС.