Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи се огласи по вчерашното објавување на новите шест истраги на СЈО. Таа уште еднаш го потенцираше нејзиниот став дека целта на СЈО е да ја уништи партијата ВМРО-ДПМНЕ.
-Целта на СЈО е да ја уништи партијата ВМРО-ДПМНЕ! Неуставно обвинителство во функција на лов на вештерки…кажано 100 пати, вреди уште толку за да на сите им дојде умот дека вакви квази-органи прават несогледлива штета за угледот на државата, пишува Каракамишева на Фејсбук.