Универзитетскиот професор Тања Каракамишева преку својот Фејсбук профил испраќа порака до власта: Доста е со политизација и селективен однос на правдата, граѓаните имаат потреба од функционална држава.
Нејзината анализа ја пренесуваме во целост:
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Hristijan Mickoski , на денешната прес-конференција многу прецизно ги дефинираше стратешките интереси на државата во овој судбоносен период и даде решенија како истите да бидат остварени.
Јасно ги лоцираше сите проблеми што ги мачат македонските граѓани без разлика на нивната етничка или друга припадност, јасно ги разобличи погубните и криминални делувања во секоја област, ги дефинираше многу точно сите аномалии на системот, ја опиша целата бездна во која е втурната државата.
Политиката на рулет на Заев не даде никакви резултати. Покер партијата во која Заев ја стави во залог целата држава и сите нас е казнета со референдумското НЕ кое Заев го доби од еден милион и двестотини илјади граѓани кои апстинираа од гласање поради тоа што не се согласуваат со него и неговиот лузерски однос кон најважните национални прашања и интереси на државата.
Македонија тоне во криминал, во фалсификувани изборни процеси, Македонија тоне на сите полиња, граѓаните никој не ги заштитува, оставени се сами на себе и со надежта дека ова политичко цунами ќе престане ден ако не и час поскоро.
Наместо лажната амнестија која СДС му ја припишуваше на Мицкоски како негово барање во текот на целиот изминат период, Мицкоски денес им одговори, ајде да расчистиме на транспарентен и објективен начин со сиот криминал, доста е со политизацијата на правдата и со селективниот однос кон правото и правдата, ајде да оформиме независно обвинителство на чело со независен обвинител надлежен да ги испита сите прислушувани разговори на неполитички и професионален начин, ајде да се справиме еднаш засекогаш со заробената правда и со полтронизираното судството. На Македонија и на граѓаните им треба нормална држава со функционални институции и со правосуден систем кој во секое време ќе даде вистинска заштита на човековите права и ќе биде бедем чувар на правната држава.
Мафијата во политиката мора да си оди, криминалците не смеат да бидат заштитени мечки и да ја водат државата. Тие треба да бидат најнапред делегитимирани а потоа и отстранети од политичките функции. На Македонија и се потребни чесни политичари кои ќе работат во име и во интерес на граѓаните и за доброто на сите!