петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каракамишева: Додека Македонците „очи си вадат”, „Илирида“ се повампири

Каракамишева: Додека Македонците „очи си вадат”, „Илирида“ се повампири

Професорката Тања Каракамишева се огласи на својот фејсбук профил и се обрати до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со движењето Илирида.

Таа коментира дека додека Македонците „очи си вадат” и се делат по сите основи, „Илирида” се повампири и презема неуставни активности. Таа за ова му се обраќа јавно и на министерот Спасовски.

Движењето Илирида, како што јави ТВ Клан, на дебата во Тетово најавува регистрирање на политичка партија.

Од Движењето „Илирида“, како што јави КланМ, велат дека веќе се прават последните подготовки за ова движење да биде регистрирано како политичка партија за учество на изборите. Доколку победат на изборите, како што велат, ќе го формираат Парламентот на Илирида.

Најнови вести