среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каракамишева: Изборниот законик има поголема правна сила од владината уредба за прашања поврзани со изборниот процес

Каракамишева: Изборниот законик има поголема правна сила од владината уредба за прашања поврзани со изборниот процес

Студент на I год.правни студии знае дека по хиерархија на правните акти Уставот е на врвот на правниот систем, потоа доаѓаат законите, па подзаконските акти, порачува професорката Тања Каракамишева.

„Со оглед дека уредбите НЕ СЕ ЗАКОНИ, туку се наоѓаат под законите, тоа значи дека Изборниот законик има поголема правна сила од владината уредба за прашања поврзани со изборниот процес согласно правната максима lex superior derogat lex inferiori.

Хиерархијата на правните акти е основата на правниот систем заснован врз начелото на законитост, односно владеење на правото.

Ако власта не води сметка за овие основни правни правила и правни законитости, тогаш со право велиме дека таа е АРБИТРЕРНА и СВОЕВОЛНА што е ЗАБРАНЕТО во правото“-објави професорката.

Најнови вести