четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каракамишева-Јовановска: Дали за власта политичкиот прогон на опозицијата е поважна задача од заштитата на здравјето на луѓето?

Професорката Тања Каракамишева-Јовановска од Правниот факултет во Скопје за Курир вели: „Кој ќе сноси одговорност доколку меѓу судиите и странките се прошири епидемијата? Дали политичкиот прогон на опозицијата за власта е поважна задача од заштитата на здравјето на луѓето? Зошто никој не ги зема предвид барањата на Адвокатската комора за прекин на рочиштата? Дали времениот прекин на судењата е навистина голем проблем на власта во смисла што нема да можат да ги испорачаат сите политички нарачки преку судовите?“
Каракамишева-Јовановска: Дали за власта политичкиот прогон на опозицијата е поважна задача од заштитата на здравјето на луѓето?

Владата директно се вмеша во работата судството, но вината е и кај Судскиот совет кој понизно молчи, вели за Курир проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, коментирајќи ја небулозната владина ноншалантност во однос на продолжувањето на судењата и оддржување рочишта во состојба на светска пандемија на коронавирусот.

Имено, на вчерашната владина седница, повторно намерно се замижа на потребата од времен прекин на рочиштата и работата на судството и се дадоа само препораки за тоа кои судења можеле да се одложат. Дали владата на СДСМ презентира дека само декларативно се грижи за можноста за ширење на заразата во судските згради кои се можеби последните кои работат скоро сосема редовно.

Вчера владата помалку патетично им соопшти на судовите„ да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата,“ наведувајќи потоа 10-на примери каде треба да се продолжи со судењата, опфаќајќи ги притоа сосема „случајно“ сите политички монтирани случаи против опозицијата преку СЈО и оние за 27 април.

Познавачите на состојбите предупредија дека ова се случува поради очигледната потреба на СДСМ судот да изигрува дел од нивниот партиски пи-ар во предизборната кампања, па затоа го „траска“ и во време на зарази. Проблемот е уште поголем што изборите најверојатно ќе се одложат, но СДСМ и натаму не се откажува од „ветерот в едра“ од судските алатки на т.н. Кацарска судството?

Дали е крајно време во услови на светска пандемија на коронавирус партијата на власт, која според нивниот лидер го „расцвета ко пупка“ судството, да престане да го „траска“ истото и конечно да ги стави на прво место интересите на граѓаните и нивното здравје, наспроти личните и теснопартиските интереси?

Каракамишева-Јовановска: Кој ќе сноси одговорност доколку меѓу судиите и странките се прошири епидемијата на коронавирус?

Симптоматично е тоа што препораките на владата во врска со заштитата на вработените од вирусот Ковид-19 важат за сите, но не и за судиите, судиите-поротници, адвокатите, и другите странки во судските случаи, вели универзитетската пофесорка Тања Каракамишева-Јовановска за Курир..

„Министерката за правда пред две недели директно се замеша во работата на судовите кога практично потврди дека нема да има одложувања, ниту прекин на рочиштата. 

Тогаш јавно прашав – дали судиите се надлуѓе за владата и за нив не треба да важат препораките или судиите се заморчиња на власта кои мора да го испорачаат политичкиот прогон кој што е во интерес на власта?

Прво, неприфатливо беше директното вмешување на владата во работата на судовите. Додека Судскиот совет понизно молчи и не презема ништо во насока на заштита на судиите и судската администрација, владата директно се вмешува во работата на судството кршејќи го начелото на независност на судството“ посочува професорката по Уставно право за Курир.

„Второ, паѓа во очи неодговорноста на членовите на Судскиот совет кои во услови на пандемија не преземаат конкретни чекори во насока на заштита на судиите. И оние мали преземени активности за заштита, во смисла исклучување на јавноста од судењата, држење на растојание меѓу странките, дезинфекција на судовите и слично беа извршени преку  ургенција на владата, а не на Советот. Се добива впечаток дека во периодов Судскиот совет буквално како да не постои, како да не работи.

Трето, додека Советот на јавните обвинители и државниот Јавен обвинител излегоа со конкретни упатства како да се продолжи со работата на јавните обвинители во кризните подрачја, но и во другите градови, Судскиот совет седи со скрстени раце и чека соопштение или насоки од министерката,“ нагласува Каракамишева-Јовановска, оценувајќи дека овие потези се многу неодговорни и несоодветни за функцијата и тежината на времето во кое се наоѓаме.

Професорката од Правниот факултет во Скопје јавно прашува:

„Кој ќе сноси одговорност доколку меѓу судиите и странките се прошири епидемијата?

Дали политичкиот прогон на опозицијата за власта е поважна задача од заштитата на здравјето на луѓето?

Зошто никој не ги зема предвид барањата на Адвокатската комора за прекин на рочиштата?

Дали времениот прекин на судењата е навистина голем проблем на власта во смисла што нема да можат да ги испорачаат сите политички нарачки преку судовите?“

Проф. д-р Каракамишева-Јовановска вели дека најважно прашање е – кој ќе преземе одговорност во случај на ескалирање на состојбата со вирусот меѓу странките во постапките?

Најнови вести